Connect with us

Фудбал

За трансферот на Пјаниќ се повеќе се шпекулира, а сега се огласи и неговиот агент

Миралем Пјаниќ во последниве денови се повеќе и повеќе се спомнува како можно засилување на Барселона во летниот преоден рок.

Пјаниќ зад себе има одлична сезона во дресот на Јувентус, а неговите одлични настапи не поминаа незабележани од страна на Барселона, која според наводите на „Mundo Deportivo“ веќе ги направила првите чекори за да го донесе во своите редови.

Со интересот на Барселона запознаен е и агентот на Пјаниќ, Др. Мајкл Бекер, чија изјава беше пренесена од италијанските медиуми.

„Имаме договор со Јувентус до 2021. година, така да најпрво мораме да разговараме со нив“ кажа Бекер.

„Каталонците“ и претходно сакаа да го доведат во своите редови, но Пјаниќ тогаш наместо Барса, го одбра Јувентус, затоа што тогаш би бил замена за Иниеста. Денеска, доколку оди во Барселона, би стигнал како голема ѕвезда и би бил во стартниот состав.

Наводно, и Јувентус е подготвен да се впушти во преговори, но со минимална цифра од 80 милиони евра.