Connect with us

Фудбал

За време на мечот лути противници, по него во прегратка: Ибрахимовиќ и Станковиќ како браќа

Пријателството на големите фудбалски имиња е големо. Дејан Станковиќ и Златан Ибрахимовиќ добро се знаат уште од времето кога играа во Интер и освојуваа титули.

По синоќешниот меч во Милано, се гушнаа, иако се разбира во деведесете минути беа ривали, едниот на клупата, другиот на терен.

-Тој ми е како брат, рече Станковиќ пред медиумите каде требаше да даде изјава кога Ибра пријде да се поздрават.