Connect with us

Фудбал

Заборавениот „Топчија“ се враќа на Емирати

Унаи Емери го замени Арсен Венгер на клупата на Арсенал, а првиот играч што го донеси на Емирати веќе е под договор со „Топчиите“.

Имено, шпанскиот стратег реши да му даде нова шанса на одамна  заборавениот офанзивец, Лукас Перез.

Лукас Перез пристигна во Арсенал во 2016 година за околу 17 милиони фунти и веднаш ја доби „деветката“. Сепак, Перез забележа само 11 настапи во Премиер лигата и наскоро стана вишок во списокот на Арсенал.

Покрај тоа што е целосно падна во втор план, тој е и додатно понижен откако му го одзедоа дресот со број девет, а тој број сега го има Александар Лаказет, откако Французинот пристигна во Лондон.

Кратко потоа, го вратија во клубот од кој пристигнал на Емирати, во Депортиво Ла Курни. Поточно беше испратен на позајмица на овој шпански тим во летото 2017 година.

Иако поголемиот дел од навивачите на Арсенал веќе одамна заборавиле на Перез, Емери сега одлучи да го врати на Емирати поради пред – сезонски припреми.

Имено, шпанските медиуми објавија дека Арсенал нема да го продаде или повторно да го испрати на позајмица Перез, туку Емери ќе му даде нова можност да се покажат и да се избори за место во првиот тим на Арсенал.

Инаку, Перез оваа сезона запишани 37 настапи за Депортиво Ла Коруња во сите натпреварувања и постигна девет гола и осум асистенции. На Емирати би требало да се врати кон крајот на јуни, по истекување на позајмицата, а неговиот договор со Арсенал трае до 2020 година.