Connect with us

Фудбал

Забрана за навивачите на Шкупи во Софија?

Најверојатно ќе биде донесена одлуката од страна на УЕФА, на натпреварот кој што следува следната недела во Софија меѓу Левски и Шкупи да нема гостински навивачи.

Овие информации ги дознава SPORTM.mk од свои извори.

Ова следува откако вчера на натпреварот во Скопје се дојде до немири пред почетокот и по крајот на натпреварот меѓу двете навивачки групи.

Сето тоа резултираше со 21 приведено лице.