Connect with us

Фудбал

Загадочната порака на Карим Бензема предизвика лавина коментари

Францускиот напаѓач Карим Бензема оваа сезона со своите голови ја носи играта на Реал Мадрид.

На 34 натпревари оваа сезона во сите натпреварувања Бензема постигна 32 гола за кралскиот клуб.

Надвор од теренот, францускиот напаѓач е голем љубител на автомобили, што не го крие тоа на социјалните мрежи.

Бензема има автомобили во својата гаража, меѓу другите, како Mercedes AMG G63, Lamorghini Urus, Rolls Royce Cullinan, Mercedes SLR McLaren, Lamborghini Aventador, Bugatti Veyron, Ferrari 488 Spider …

Напаѓачот на Реал Мадрид лани потрошил дури 2,5 милиони евра бидејќи го купил Bugatti Chiron, кој е убедливо најскапиот автомобил во неговата гаража.

Тој на Инстаграм објави слика веднаш до едно од „миленичињата“ со загадочен опис.

„Резултатот е добар кога…“, напиша Бензема, по што започна лавина од коментари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karim Benzema (@karimbenzema)

Некои сметаат дека пораката на Бензема се однесувала на неговите игри во Реал и дека резултатот е добар кога тој е на теренот.

Сепак, тој ја скокотка фантазијата на навивачите, но и докажа дека со 34 години е еден од најдобрите напаѓачи на денешницата.