Тајмаут
Заховиќ добил „предупредувачка порака“, полицијата работи на пронаоѓање на сторителот на ова дело
Вистинскиот распад се појави во Марибор по поразот на домашен терен од Браво (1:2).
Мариборците го губат здивот и се уште се далеку од титулата во Словенија, а сега се на третото место зад Олимпија и Алуминија.
Поразот од Браво едноставно предизвика вистински дефект на системот во тимот од Марибор. Првата оставка поднесе трофејниот тренер Дарко Миланиќ, а навивачите постојано изразуваат незадоволство од сите играчи.
Менаџерот на клубот, Златко Заховиќ, веќе работи на пронаоѓање на нов тренер, но очигледно тој е на мета и на незадоволните навивачи, па му беше провален и автомобилот.
Мерцедесот на Заховиќ беше мета на криминалци, а се претпоставува дека зад тоа стои група навивачи на Марибор, кои на овој начин испраќаат „предупредувачка порака“.
Клубот одговори со кратка порака дека станува збор за лична работа на спортскиот директор и дека тој нема да коментираат за тоа дека Заховиќ наводно изгубил одредени работи што биле во автомобилот при кражбата.
Полицијата излезе со истрага за случајот и ќе се обиде да ги пронајде одговорните лица за овој непријатен настан.