Фудбал
Закажан натпреварот Јувентус – Лион!
Натпреварите во Лига на шампиони и Лига Европа ќе продолжат откако ќе завршат домашните првенства. УЕФА одлучи завршните руни во нокаут фазата во двете клубски натпреварувања да се одиграат во август.
Претседателот на Лион, Жан Мишел Ола, изјави дека реванш дуелот од осминафиналето во Лигата на шампионите помеѓу Јувентус и Лион, ќе се игра на 7 август во Торино, без присуство на публика на трибините.
Во првиот дуел Лион го победи Јувентус со минимални 1:0, додека ПСЖ веќе се пласира во четвртфиналето откако во двомечот беше подобар од Борусија Дортмунд.