Connect with us

Фудбал

Заминувањето на Роналдо го погоди Реал Мадрид повеќе отколку што мислеа

Фудбалерите на Реал Мадрид минатата ноќ го победија Гетафе со 2:0 во првото коло од новата сезона на шпанската Ла Лига.

Кралскиот клуб успеа да ја отвори новата сезона во домашниот шампионат со победа, а головите беа постигнати од Карвахал и Бејл. Сепак, многумина уште еднаш изјавија дека е многу чудно да се види Реал Мадрид без Кристијано Роналдо кој по девет години одлучи да го напушти клубот.

Заминувањето на Роналд најмногу ги погоди кралевите во однос на играта, што можеше да се види синоќа против Гетафе. Сепак, најдобриот доказ за ова е посетата на Сантијаго Бернабеу, што беше најлоша во изминатите девет години.

Синоќешниот натпревар го гледаа 48.466 гледачи, што е, секако, најлошо во изминатите девет години. Посиромашната посета беше пред Роналдо да дојде во овој клуб, што доволно покажува колку неговото заминување ги потресе навивачите.