Фудбал
Занети даде одговор за Лаутаро Мартинез, позната неговата иднина
Цело лето Лаутаро Мартинез се поврзуваше со Барселона. Сепак, легендата на Интер, Хавиер Занети, кој е дел од раководните структури на италијанскиот тим порачува.
-Лаутаро не заминува од Интер. Тој е нашата сегашност, но и нашата иднина, кусо одговори Занети.
Неговиот договор со Интер му истекува во 2023-та година, а Занети порача дека Мартинез е среќен во тимот.
Аргентинецот досега одигра 49 мечеви на кои постигна 21 гол.