Connect with us

Фудбал

Занети: Се надевам дека ќе се зборува само за фудбалот!

“Во недела ќе се одигра одличен натпревар, се надевам дека ќе биде голем спортски настан. Се надевам дека ќе се зборува само за фудбалот и нека победи подобриот!”.

Така рече Хавиер Занети, пред долгоочекуваниот натпревар помеѓу Интер и Јувентус на „Сан Сиро“. Понатаму, аргентинската легенда го пофали клубот каде навистина даде многу, со дресот на Интер, како капитен:

„Имав чест да играм во Серија А долги години. Јас сум тој што сум, благодарение на моите родители, кои направија толку многу за мене. Му благодарам на Италија што ја отвори вратата за мене. Заминав како што сакав, со дресот на Интер”.

Занети одигра 615 натпревари во кариерата за Интер. Според Занети, неговото време како фудбалер и денешното не се исти, но вредностите останаа исти.

„Времињата се променија, но вредностите се исти. Фудбалот е света работа. Дресовите се сменија, но историјата не се менува. Се надевам дека италијанскиот фудбал може да има одлична иднина“.