Connect with us

Фудбал

Започна „војната“ помеѓу Реал и Интер за Лука Модриќ

Реал Мадрид и Интер започнаа вистинска мала „војна“ околу Лука Модриќ.

Изминативе денови секојдневно се пишуваше за тоа дека најдобриот играч на Мундијалот во Русија би можел да премине во Интер, но Реал не сака да го пушти својот играч од средниот ред без разлика колку е упорен Интер.

Денеска шпанска „Марка“ која е блиска со Реал, пренесува дека „Кралскиот“ клуб има намера да упати жалба до ФИФА затоа што интер контактираше со нивниот фудбалер без одобрение на клубот. Секако, тоа е забрането, единствено тоа е можно во случај ако фудбалерот е на шест месеци до истекот на договорот.

Со Лука тоа не е случај затоа што има договор до 2020. година, па Реал, доколку е вистина дека Интер контактирал дирекно со Модриќ, има целосно право да се жали.

Сепак, многу брзо стигна и одговор од италијанската екипа која наведува дека никогаш не контактирале дирекно со Лука.

Со оглед дека денес е последниот ден од преодниот рок во Италија, очигледно е дека од овој трансфер нема да биде ништо.