Connect with us

Други спортови

Започнува МРТ Спорт, еве што ќе гледате утре!

Објавено:

Спортско-забавниот канал МРТ-3 од утре (петок, 10.04.2020) ќе биде најновиот „терен“ на Македонската Телевизија за врвен спорт, атрактивни филмови и серии, квалитетна музика и за забавни содржини.

Во период кога се замрени сите спортски, културни, музички и естрадни настани, Јавниот сервис влегува во амбициозен потфат да привлече гледачи коишто по нормализирањето на ситуацијата ќе имаат телевизиска фреквенција со порелаксирана програма.

МРТ-3 нема да биде само спортски канал, но ќе понуди нешто што специјализираните спортски канали во моментов не можат. Како членка на Евровизија, МРТ обезбеди ексклузивна можност да ги реемитува претходните светски фудбалски првенства, додека партнерството со Интернационалниот Олимписки Комитет и дава шанса повторно да и ги понуди на публиката претходните олимписки игри. Затоа, во наредните денови ќе ги освежиме сеќавањата на фудбалскиот Мундијал во Русија 2018 со потсетување на сите 64 натпревари, а ќе се навратиме и на најголемите возбудувања од најатрактивните настани на ЗОИ во Пјонгчанг 2018.

Очекувајќи што поскоро да прекине спортскиот мораториум на глобално ниво, а негувајќи идеја со тек на времето да напредува, да расте и да се надградува, МРТ-3 ќе ги обнови спомените од последниот период и од ракометната ЕХФ Лига на шампионите, од ракометната СЕХА Лига, како и од сите други спортски натпреварувања за коишто располага со ТВ-права за тековнава сезона (кошаркарската НБА лига, хокејарската НХЛ лига, ИСУ сезоната во уметничко лизгање, италијанскиот и францускиот фудбалски шампионат).

Телевизиските права особено за меѓународни настани секогаш се со временски лимитирана важност. Toa оневозможува МРТ повторно да емитува многу скапоцени материјали од поновата и од постарата документација. Таквата ограниченост за реемитување настани од некогаш е пречка да нурнеме во архивата и уште подлабоко, можеби и повеќе децении наназад. Сепак, тоа отвора можност да и понудиме на јавноста и значителен дел од настаните на домашните спортски терени, на коишто јавниот сервис по традиција им дава публицитет.

Колажниот спортско-забавен карактер на МРТ-3 ќе биде надополнет со избор на квалитетни филмски остварувања и серии, како и со музички и забавни програми во продукција на МРТ коишто при премиерните емитувања имаа силен одек и наидоа на големи симпатии во јавноста.

Сите овие содржини ќе се испреплетуваат во ударниот термин од 16 до 24 часот. Оние коишто ќе го пропуштат првото емитување, ќе имаат уште две можности да ја погледнат истата понуда – од полноќ до 16 часот наредниот ден.

Програма за петок, 10.04.2020
16.00 ракомет ЛШ 2017, 1/2-финале; ВАРДАР-БАРСЕЛОНА
17.30 ЗОИ 2018: СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ
20.00 СП фудбал 2018: РУСИЈА-С.АРАБИЈА
22.00 филм; WONDER WOMAN
00.00 ракомет ЛШ 2017, 1/2-финале; ВАРДАР-БАРСЕЛОНА
01.30 ЗОИ 2018: СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ
04.00 СП фудбал 2018: РУСИЈА-С.АРАБИЈА
06.00 уметничко лизгање

Програма за сабота, 11.04.2020
08.00 ракомет ЛШ 2017, 1/2-финале: ВАРДАР-БАРСЕЛОНА
09.30 ЗОИ 2018: СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ
12.00 СП фудбал 2018: РУСИЈА-С.АРАБИЈА
14.00 уметничко лизгање
16.00 ракомет ЛШ 2017, финале: ВАРДАР-ПАРИ СЕН ЖЕРМЕН
18.30 ЗОИ 2018: алпско скијање, СПУСТ (м)
20.00 СП фудбал 2018: ЕГИПЕТ-УРУГВАЈ
22.00 филм: ПЕРФЕКТНА БУРА
00.00 ракомет ЛШ 2017, финале: ВАРДАР-ПАРИ СЕН ЖЕРМЕН
02.30 ЗОИ 2018: алпско скијање, СПУСТ (м)
04.00 СП фудбал 2018: ЕГИПЕТ-УРУГВАЈ
06.00 уметничко лизгање

Advertisement
Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама