Connect with us

Фудбал

Започнува новата сезона во шпанската Примера

Фудбалските фанови денеска го очекуваат почетокот на 88-та сезона во Примера дивизион. До пред некое време, никој не можеше да си ја замисли шпанската Ла Лига без Кристијано Роналдо, како и без Зинедин Зидан. Сега магијата на шпанскиот фудбал ќе биде поинаква, лишена од мајсторството на носителот на „Златната топка“.

Големото соперништво меѓу Роналдо и Лионел Меси нема да биде директно толкувано, но тоа пак сигурно ќе им даде пат на нови ѕвезди. Првпат, Примера дивизон ќе располага со ВАР со цел да се намалат до минимум судските грешки. Ла Лига ќе биде поинаква и поради револуционерното решение да има натпревар во САД или Канада, што е пробив во историјата на шпанскиот фудбал.

Барселона влегува во натпреварувањето со амбиција да ја освои осмата шампионска титула во рамки на 11 сезони. Каталонците добро се засилија, откако го подобрија уште повеќе својот среден ред. Искусниот Артуро Видал и младиот Артур, брзоногиот и технички поткован Малком и талантираниот Клеман Лангле го засилија составот на Ернесто Валверде, кој оваа година ќе цели уште повисоко, ако воопшто е можно.

Ова ќе биде првата сезона на Лео Меси како капитен на Барса, по заминувањето на Андрес Иниеста. Филипе Кутињо брзо покажа на што е способен, а оваа сезона ќе има поголеми одговорности и слобода на движење. Сите на „Камп Ноу“ очекуваат силни настапи и од друг фудбалер, кој чини над 100 милиони евра – Усман Дембеле.

Кралот на Европа, Реал Мадрид почнува нова авантура под водство на Хулен Лопетеги и без големата ѕвезда Кристијано Роналдо. Очекувањата се поврзани со поважна улога на Герет Бејл и младиот Марко Асенсио.

Главно прашање на „Сантијаго Бернабеу“ е кој ќе бележи голови. До крајот на трансфер прозорецот во Шпанија има уште две седмици и Флорентино Перез може да направи конечен напад и да привлече добар стрелец. Гласините за заминување на Лука Модриќ во моментов не се доволно сигурни, за да ги загрижат сериозно мадридистите.

Оваа година, повеќе од секогаш, изгледа дека во спорот за врвот ќе се вклучи и Атлетико Мадрид. Диего Симеоне сега располага со одличен состав по привлекувањето на класа фудбалери како Тома Лемар, Желсон Мартинш и Родри. Клучното прашање за Чоло сепак останува задржувањето на Антоан Гризман. Ударот, кој Атлетико го нанесе врз Реал Мадрид во спорот за Суперкупот на Европа, покажа дека „јорганџиите“ имаат сили да ги победат сите. А Диего Кошта покажа, дека е напаѓач од светска класа.

По трите стожери на шпанскиот фудбал има и уште неколку екипи, чија цел ќе биде влегување во шампионската лига. Валенсија ќе се погрижи да влезе во топ 4, а има и аргументи за тоа. „Лилјаците“ ја зголемија моќта во нападот по привлекувањето на Миши Батшуаи и Кевин Гамеиро.

Севиља ќе бара висок пласман на табелата со новиот тренер Пабло Мачин. Андалузискиот тим ќе се потруди да открие нови хоризонти по разделбата со спортскиот директор Мончи, како и да ја пополни дупката по заминувањето на Лангле.

Атлетик Билбао се претстави многу слабо минатата сезона и не може да си дозволи ново разочарување на своите фанови. На „Сан Мамес“ стигнаа 80 милиони евра за голманот Кепа Арисабаглага, но специфичната трансфер политика на „Лавовите“ не им дозволува да ги „фрлат“ за пополнувања. Тимови како Виљареал, Селта и Реал Сосиедад имаат доволна класа да се наметнат во битката за челните позиции.

Во секој случај претстои возбудливо патување во следниве осум месеци на шпанските терени.