Фудбал
Заработува 150.000 неделно: Што направи Мане на крајот со скршениот мобилен?
Садио Мане е еден од најскромните играчи на денешницата, препознатлив по својата понизност и многубројните хуманитарни акции во родниот Сенегал.
Пред речиси две години, Мане привлече огромно внимание кога пристигна на натпревар со Ливерпул со скршен мобилен телефон.
Многумина беа воодушевени бидејќи одличниот напаѓач во Ливерпул заработува 150.000 евра неделно, па практично секој ден може да си дозволи нов мобилен телефон.
Сепак, познато е дека Мане не е личност на која парите и се најважни на светот. Тој се труди да биде што е можно понормален и да им помага на луѓето на кои навистина им е потребно што е можно повеќе.
Сепак, на крајот приказната со расипаниот мобилен го доби очекуваниот епилог. Кога видел дека едноставно повеќе не може да го користи, Сенегалецот решил да се почести со нов.
View this post on Instagram
Во изминатиот период Мане објави неколку фотографии со сосема нов мобилен телефон, што воопшто не е изненадување со оглед на дотраеноста на претходниот уред.
Едно време Мане лично објасни зошто прави се што прави, односно подеднакво се грижи за себе и за своите сонародници.
„Зошто би купил десет Ферари, 20 часовници со дијаманти или два авиони? Како овие предмети ќе ми помогнат мене и на светот?
View this post on Instagram
Бев гладен, морав да работам на нива, поминав низ тешки времиња, играв фудбал бос, не се образував, но денес можам да им помогнам на мојот народ.
„Изградив училишта, стадион, доставувам облека, обувки, храна на луѓето кои се екстремно сиромашни. Им давам 70 евра месечно на сите луѓе во сиромашниот дел на Сенегал за да им помогнат на нивните семејства.
„Не ми требаат луксузни автомобили, скапи вили, патувања и авиони. Претпочитам моите луѓе да го добијат она што животот ми го овозможи“, рече Мане.
Доброто се враќа со добро како кај Мане. Сè што прави надвор од теренот се враќа на теренот како што ја започна фантастично оваа сезона и неодамна го постигна својот 100-ти гол во Премиер лигата. На 15 натпревари постигна осум гола и повторно е во препознатлива форма како во 2019 година кога беше кандидат за Златната топка.