Connect with us

Фудбал

Засилувањето на Ливерпул ги помина медицински прегледи, „црвените“ плаќаат 40 милиони евра за него

Екипата на Ливерпул следната сезона ќе добие засилување во одбранбената линија.

Англиските медиуми утрово објавија дека 21-годишниот Французин Ибрахим Коната поминал низа тестови и медицински прегледи и дека наскоро и официјално ќе биде претставен како нов член на „црвените“.

Фудбалерот на РБ Лајпциг доби понуда од „Енфилд“. Тој реши да ја прифати, а наводно сега останува само Ливерпул да плати клаузула за обештетување од 40 милиони евра.

Конате е вториот дефанзивец кој го напушти РБ Лајпциг. Претходно, Баерн го потврди доаѓањето на уште еден Французин, Дајот Упамекан.

Конате е член на германскиот клуб од 2017 година, а оваа сезона играше на 15 натпревари за Лајпциг.