Фудбал
Заврши аукцијата, капитенската лента која ја фрли Кристијано Роналдо продадена за 7,5 милиони
Работникот на стадионот во Белград, каде се играше квалификацискиот меч помеѓу Србија и Португалија, а кој ја зема капитенската лента која ја фрли Кристијано Роналдо кога го напушташе теренот, откако не му беше признаен чист гол, одлучи да ја стави на аукција за хуманитарна цел. Парите се наменети за лекување на шестмесечно бебе кое има ретка болест и за чие лекување потребна е голема сума на пари.
Неколку дена по отворањето на аукцијата капитенската лента е продадена за неверојатни 7,5 милиони динари, а сумата ја понудила обложувалницата „Моцарт“.
