Фудбал
Заврши еден од најдолгите бракови во светот на фудбалот, врската траеше 27 години
Воопшто не е новина англиските таблоиди да објавуваат секој ден некои пикантерии за најголемите sвезди на англискиот фудбал.
„The Sun“ ја носи приказната за крајот на еден од најстабилните бракови во светот на фудбалот. Имено, Пол Сколс и неговата сопруга Клер повеќе не живеат заедно.
Легендарниот фудбалер кој ја мина целата кариера во Манчестер Јунајтед, со својата сопруга заедно беа 27 години, а нивниот брак траеше 21 година и имаат три деца.
Во меѓувреме, тие го формираа можеби најсилниот брак во Англија, но и на тоа му дојде крајот. „The Sun“ наведува дека и двајцата биле уништени од разводот.

Овој таблоид откри дека Клер веќе го напуштил својот дом и има јасна намера да поднесе барање за развод од Сколс.
Патем, двајцата започнале да се дружат кога имале 18 години.