Други спортови
Згасна уште еден млад живот, затворете ги тие ноќни клубови!
Руската ММА ѕвезда и шампион во УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов (30), го поддржа претседателот на Дагестан, Елдар Иразијев, кој покрена иницијатива за забранување на ноќни клубови во оваа област.
Оваа одлука е поради новото убиство на младо момче во дискотека во Махачкала.
- Повторно се пробудивме со лоши вести, ја започна приказната на својот „Инстаграм“ профил еден од најдобрите борачи на денешницата.
- Згасна уште еден млад живот. Сакам да ја искористам можноста да им испратам порака на властите на ноќните клубови, иако со многумина од нив сум добар пријател. Оставете ја валканата работа, ова не е прво убиство, пукање, прободување… Сфатете дека парите кои ги носите во фамилијата и со кои ги храните децата се валкани, нечесно заработени!, порача Нурмагомедов.
Само еден ден пред неговата порака, претседателот Иразијев, даде предлог кој е идентичен на овој од Нурмагомедов.
- Дајте на местото на кое е сега ноќниот клуб да отвориме некој забавен парк или клуб за деца – игротека. Лично јас ќе бидам промотор на секоја ваква идеја! Ајде да го замениме плачот на мајката кои се лее поради вашите клубови. Вие заработувате пари додека други војуваат. Река од алкохол, прелеана во тага! Како резултат на тоа постојано сме во некоја внатрешна војна, изјави лидерот на Дагестан.