Connect with us

Тајмаут

Жалосно, но што се може: Уништен сонот на тинејџерка од Саудиска Арабија

Девојките кои што требаше да го носат знамето на нивната земја не се појавија во Русија.

На денот на отворањето на Светското првенство во Русија стигна вест дека девојките од Саудиска Арабија не стигнаа на турнирот. Шесте девојки на возраст од 13 до 17 години требаше да го носат знамето на својата држава.

Програмата за носење на знамињата е организирана од Кока Кола, која го извести организаторот на Мундијалот за овој проблем, кој наместо девојки од Саудиска Арабија, на теренот испрати Русинки.

Спортската јавност заклучи дека најголема препрека е тоа што се девојки, затоа што Саудиска Арабија дури оваа година на жените му дозволи да возат автомобили и да гледаат фудбалски натпревари, па очигледно од Саудиска Арабија побараа девојките да не присуствуваат на церемонијата.

Не можеме да кажеме дека ова е инцидент, но сепак се надеваме дека вакви работи нема да се во прв план во текот на Мундијалот, кој трае 30 дена.