Фудбал
Жардим го „олади“ Челзи: Јас продолжувам со мојата работа во Монако
Во последниве месеци, во Европската спортска јавноста многу се зборуваше за тоа дека „мозокот“ на Монако, Леонардо Жардим би можело да преземе некој од најголемите клубови на денешницата. Најмногу од се во овој контекст се споменуваше Челзи, на чија клупа, најверојатно, нема да остане Антонио Конте, меѓутоа Португалецот ја затвори вратата за сите овие шпекулации.
Ако имаше било какви дилеми, очигледно е дека сега ги нема, бидејќи 43-годишниот Жардим изјави дека следната сезона ќе го води Монако, со кого има доста солидни резултати. Покрај тоа, одлично е во развојот на млади играчи кои го напуштаат клубот за огромни пари.
„Ќе продолжиме да се движиме напред, и во иднина да напредуваме како проект. Среќен сум што го имам Дмитриј Риболлјев како претседател. Имаме однос на доверба. Работиме за четири години и тој е претседател со многу квалитет“, вели Жардим.
Договорот на Жардим со Монако важи до 2020 година, а под негово водство, клубот од Кнежеството повторно ќе игра во Лигата на шампионите, четврти пат во последните пет години.
Во минатото, Жардим, ги тренираше Спортинг Лисабон, Олимпијакос, Брагу, Беира-Мар, Чавес…