Фудбал
Желбата на Мурињо се оствари: Пристигна одговорот кој го очекуваше
Жозе Мурињо ќе ја исполни својата прва желба од преземање на Рома.
Се очекува Мурињо да има полни раце работа за да направи конкурентен тим, а доколку им се верува на италијанските медиуми, тој веќе го реши прашањето за напаѓачот.
Андреа Белоти, сегашен капитен на Торино, пристигнува во Рим. Италијанецот одбива да го продолжи договорот со Торино, кој истекува во 2022 година.
Белоти веќе се согласи на трансфер во редовите на Рома, па останува да се договорат двата клуба. Римјаните понудија 20 милиони евра, но впечаток е дека работата ќе биде завршена за 25 милиони.
27-годишниот фудбалер веќе неколку сезони е меѓу најдобрите напаѓачи во Серија А, а по голем број години во Торино, тој реши да направи чекор напред и да се испроба во посилен тим со поголеми амбиции, како што е Рома.
Екипата на Рома исто така бара нов голман кој долго време би бил број еден на Олимпико.
Португалскиот стручњак се обидува да донесе квалитетно решение меѓу стативите, но тоа е исклучително тешка задача, па Специјалниот реши да си ја испроба среќата.
„Газета дело Спорт“ тврди дека Жозе го повикал Донарума и се обидува да го убеди 22-годишниот голман да потпише за Рома.
Мурињо ги убедува сопствениците на клубот да се жртвуваат во овој случај и да му дадат платата што ја бара Донарума (околу 12 милиони евра), бидејќи ќе добие врвен голман за во иднина.
Португалецот сега чека одговор од две страни, но сигурно би било големо изненадување доколку првиот голман на италијанската репрезентација се реши да се приклучи во редовите на римскиот тим.