Фудбал
ЖФК Љуботен Тетово со нов тренер и нови четири засилувања
Тетово, 31 август 2020 (МИА) – Женскиот фубалски клуб Љуботен од Тетово добива нов шеф на стручниот штаб и четири нови засилувања, објави денеска на прес-конференција раководството на клубот.
– Екипата ќе ја раководи Сузана Синадиновска, како шеф на стручниот штаб. На клубот му пристапија Кристина Николоска од ЖФК Скопје и репрезентативка, Јулија Живиќ која досега настапувала во Кипар, Егзона Јашари и Дренуше Ајдини од ЖФК Истатов и двете репрезентативки во екипата до 19 години. Целта на оваа екипа ќе биде опстанок во Првата лига, истакна на прес – конференцијата претседателот на клубот Драгољуб Јовановски.
Според новото раководство, долгорочните планови на клубот се новите засилувања и создавања на екипата која за цел во иднина ќе има освојување на првенството. ас/ев/