Фудбал
Жирито составено од 18 голмани го избра најдобриот на сите времиња: Буфон победи!
Нема поголемо признание за спортист отколку кога неговите колеги го прогласуваат за најдобар. Токму тоа му се случи на легендарниот Џанлуиџи Буфон (42).
Кариерата на Италијанскиот голман трае веќе 27 години. Дебитираше во 1995 година во дресот на Парма, а скоро три децении подоцна се уште брани извонредно. Тој во моментов е член на Јувентус каде го помина најголемиот дел од својата кариера.
Својата класа ја потврди пред неколку недели кога имаше одлична ноќ на Ноу Камп и успеа да го запре Лионел Меси.
Голманот на Јувентус беше прогласен за најдобар со седум гласа пред Лео Јашин (5) и Дино Зоф (2) кои бранеа во минатиот век.
Банки, Касилјас, Маер, Мазуркиевич, Рожерио Цени, Тафарел и Шмајхел освоија по еден бод.
Патем, во стручното жири помеѓу другите беа и Мануел Ноер, Жулио Цезар, Питер Шмајхел, Габор Килари, Сантијаго Канизарес и други.