Connect with us

Фудбал

Жиру го пропушта дербито со Ливерпул

Фудбалерот на Арсенал, Оливие Жиру, нема да биде во тимот на натпревар против Ливерпул закажан за в петок.

Францускиот напаѓач се повреди синоќа на средбата со Вест Хем (1:0) во четвртфиналето од Карабао Купот и го напушти теренот 15 минути пред крајот на натпреварот.

Жиру сигурно ќе го пропушти големото дерби, потврди менаџерот Арсен Венгер, а неговото место во тимот ќе биде Реис Нелсон.

Отсуството на Оливие Жироу ќе значи дека неговиот сонародник Александер Лаказет веројатно ќе игра од првата минута во нападот.

Арсенал и Ливерпул ќе го отворат 19. коло од Премиер лигата во петок во 20:45 часот.