Connect with us

Фудбал

Жоао Феликс ја доззна казната за навреда кон судијата

Португалскиот репрезентативец Жоао Феликс добро помина.

Феликс доби два жолти картони против Атлетик за помалку од една минута – првиот поради остриот старт, а вториот затоа што му кажа на судијата Гил Манзан дека е „луд“.

Медиумите во Шпанија ја чекаа конечната казна за напаѓачот на Атлетико, а некои мислеа дека може да биде казнет со суспензија од 12 натпревари.

Сепак, денеска беше објавено дека Феликс ќе биде казнет со „само“ два натпревари, па нема да игра вечерва на гости кај Хетафе и за викендот против Алавес.

21-годишниот Португалец оваа сезона забележа само два настапи во Ла Лига и нема конкретен настап во дресот на Атлетико, а има и еден настап во Лигата на шампионите. Минатата сезона, тој постигна седум голови и пет асистенции на 31 натпревар во лигата, додека во Лигата на шампионите таа сезона постигна три гола на осум настапи.