Фудбал
Жорди Алба разочаран: Не знам зошто не ме повикал
Дефанзивецот на Барселона Жорди Алба го изненади одлуката на селекторот Луис Енрике што не го стави на списокот за натпреварите со Англија и Хрватска.
Луис Енрике одлучи да не го повика Алба за наредните натпревари во Лигата на нациите, а фудбалерот на Барселона се надеваше дека ќе биде помеѓу извраните.
Разочараниот Жорди Алба постигна гол во 81. минута, а потоа на теренот, симболично со рацете ги покри очите и испраќаше бакнеши, а тоа медиумите го разбраа како порака за Енрике.
„Не го очекував тоа. Но исто така не очекував повик во 2012. за Европското првенство после сезоната во Валенсија. Не зависи од мене дали ќе ме повика селекторот“, рече Алба по победата над Хуеска.
„Минатата сезона во Барселона беше навистина добра, а и оваа почна добро. Засега е добро тоа што го правам во клубот, но ќе видиме што ќе биде со репрезентацијата. Не знам зошто не сум повикан, затоа што кога играм лошо тоа го гледам, а кога сум добар исто така. Не ми преостанува ништо друго, морам да ги почитувам одлуките кои се донесени“, додаде Алба.
Алба во 2011. година прв пат заигра за шпанија, а за националниот тим има одиграно вкупно 66 натпревари, но беше на мета на критики во екипата на Светското првенство во Русија.