Connect with us

Фудбал

Жорди Алба треба да биде загрижен: Барселона е блиску до доведување на новo засилувањe

Барселона се обидува да доведе уште неколку засилувања до крајот на јануарскиот преоден рок, а приоритет е позицијата лев бек.

Чави Ернандез на таа позиција го има само Жорди Албa, кој во последно време не игра во најдобра форма и се повеќе е мета на критики.

Во Барселона веќе извесно време мораа да импровизираат секогаш кога Алба ќе се повреди бидејќи немаат резервна опција на позицијата лев бек, а јасно е дека каталонскиот клуб мора да го реши тоа што е можно поскоро.

Иако се во финансиска криза во Барселона, успеаја да го средат играчкиот кадар, а каталонскиот спорт објави дека единствен приоритет сега е да се донесат засилувања на позицијата лев бек.

Угледниот новинар Фабрицио Романо утринава објави дека главна цел на Барселона е Николас Таљафико кој настапува за Ајакс. Барса сака да го донесе на позајмица до крајот на сезоната, но преговорите не се одвиваат баш според планираното.

Ајакс не ја прифаќа позајмицата и сака веднаш да го продаде Аргентинецот, но самиот играч им врши притисок бидејќи јасно им кажал дека сака да замине во Барселона и се надева дека Ајакс нема да му направи проблем.

29-годишниот фудбалер има договор со Ајакс до летото 2023 година, а неговата цена е околу 15 милиони евра.

Таљафико пристигна во Ајакс пред четири години од Индепендиенте за четири милиони евра и се покажа како големо засилување. Досега оваа сезона одигра 15 натпревари, постигна два гола и забележа една асистенција.