Connect with us

Фудбал

Зидан ги насмеа сите поради двете причини зошто го одбил Манчестер Јунајтед

Челниците на Манчестер Јунајтед се во потрага по нов тренер откако во саботата го отпуштија Оле Гунар Солскјер.

Солскјаер имаше очајна серија на клупата на Манчестер Јунајтед во последните неколку недели по што доби отказ.

Јунајтед во саботата беше поразен на гостувањето кај Вотфорд со 4:1 и тоа беше капка која ја прели чашата на лидерот на клубот од Олд Трафорд.

Сепак, сега им претстои тешка работа и нема да им биде лесно да донесат звучно тренерско име. Не е тајна дека првата желба Зинедин Зидан е одамна, но францускиот стручњак упорно ги одбива поканите од „Театарот на соништата“.

Англиските медиуми вчера објавија дека Зидан повторно е прва желба на клупските челници и дека прават се што можат за да го убедат Французинот да ги преземе „црвените ѓаволи“.

Зидан е без клуб откако летово го напушти Реал Мадрид и веќе одби неколку понуди бидејќи сака да биде нов селектор на француската репрезентација, иако за тоа ќе треба да почека уште една година.

Но, тоа не е проблем за Зидан и затоа не сака да започнува нови проекти и е подготвен да чека Дидие Дешамп да си замине од „Триколорите“ по Мундијалот во Катар.

Веќе во саботата Јунајтед повторно стапи во контакт со Зидан и му понуди договор во кој ќе има клаузула за заминување доколку дојде понуда од француската репрезентација, но тој одби и им даде две бизарни причини за тоа.

Првата причина Зидан изјави дека не зборува доволно добро англиски, а втората насмеа многумина бидејќи рече дека неговата сопруга едноставно не сака да живее во Манчестер.

Реклама

Facebook

Реклама