Фудбал
Зидан ја загрижи јавноста: Нешто тргна наопаку и Винисиус мораше да се тестира уште еднаш
Винисиус Јуниор веќе неколку дена не тренираше со Реал Мадрид, а клубот не откри што се случува.
Сепак, на денешната прес-конференција, Зинедин Зидан едноставно не можеше да го избегне прашањето за Бразилецот. Тој откри дека Винисиус во моментов е во изолација и дека бил тестиран дури двапати за неколку дена.
Еден од неговите пријатели тестирал позитивно на коронавирус, што Винисиус веднаш им го пријавил на луѓето во клубот. Од клубот рекоа да оди во изолација, и тоа го стори. Медиумите прво објавија дека станува збор за Лука Јовиќ, но Зидан денес откри дека станува збор за Винисиус, а не на Јовиќ.
Наводно, Винисиус веќе бил тестиран двапати, но од клубот не се откриени никакви резултати. Првиот тест, според „Марка“, беше критичен и не беше добро направен, поради што Винисиус беше тестиран утрово и резултатите треба да бидат готови вечерва.
„Лекарите ме известија дека нешто не е во ред околу тестирањето и дека треба да го сторат тоа повторно. Понекогаш може да направите грешки и тоа е нормално. Тој не може да тренира сè додека не видите дали е позитивен или не. Се надевам дека се е во ред и тој ќе биде со нас утре на натпреварот против Алавес. Резултатите ќе ги дознаеме веројатно денес“, рече Зидан.