Connect with us

Фудбал

Зидан: Не го напуштив Реал за да станам селектор на Франција

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан изјави дека нема да го предводи францускиот национален тим.

Претходно во медиумите имаше информации дека тој би можел да стане новиот селектор на „триколорите“.

– Најважно е да се поддржи францускиот тим. Заминав од Реал за да се одмор, а не да станам селектор на Франција. Сите ние сакаме нашиот тим да ја освои втората титула светски шампиони.

Зидан призна дека се уште не решил што ќе прави во иднина.

– Како што кажав, најпрво добро ќе се одморам, а потоа ќе видам што ќе се случи. Засега ништо не знам, додаде францускиот фудбалски стручњак.