Connect with us

Фудбал

Зидан: Не сакам никој да си замине од Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан му порача на раководството на клубот дека не сака ниту еден фудбалер да си замине во јануарскиот преоден рок.

Не сакам никој да си оди. Сепак во фудбалот се случуваат многу изненадувања. Има и други кои одлучуваат за трансфер политиката на клубот. Не одлучувам само јас, изјави Зидан.

Французинот беше запрашан дали навистина планира да се засилува со голман и напаѓач.

Тоа се пишува во медиумите, така? Во моментов не сакам да зборувам на оваа тема. Ќе видиме што ќе се случи кога ќе се отвори пазарот, одговори Зидан.