Connect with us

Фудбал

Зидан објасни дали Роналдо е потешко повреден

Фудбалерите на Реал Мадрид минатата ноќ ремизираа против Барселона со 2:2 во дербито од 36. коло од шпанската Ла Лига.

Барселона во два наврати имаше предност против „кралевите“, но на крајот, ривалите си ги поделија поените. Првиот гол за Реал Мадрид во првата половина од натпреварот беше постигнат од Кристијано Роналдо, кој беше повреден во моментот по дуетот со Пике.

Роналдо побара медицинска помош бидејќи чувствуваше болка во зглобот, но успеа да се врати на теренот. Иако играше до крајот на првото полувреме, на паузата, Зинедин Зидан одлучи дека нема да ризикува ништо и Португалецот го остави на клупата.

„Роналдо? Па, не е добар во овој момент, но мислам дека тоа не е ништо сериозно. Верувам дека добил само малку посилен удар. Ќе знаеме малку повеќе откако ќе ги направи тестовите, но јас верувам дека тоа е некоја полесна повреда, и не сум загрижен за тоа дали ќе игра во финалето на Лигата на шампионите“, рече Зидан.