Connect with us

Фудбал

Зидан: Се уште не знам што ќе правам

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, во понеделникот кажа дека се уште не знае што ќе прави откако пред единаесет дена ја напушти клупата на европскиот шампион.

„Се одморам и не знам што ќе правам. Најважна е одлуката која ја донесов, па ќе видиме што ќе биде“ кажа Зидан. Само пет дена откако ја одбрани титулата во Лигата на шампионите, го напушти Реал Мадрид и покрај тоа што од договорот му остануваа уште две години.

Клубот од Мадрит се уште нема најдено замена за тренерот кој ја водеше екипата од 2016 година. Зидан се наоѓа во предградието на Париз, односно во Саин – Денис каде беше дел од отворањето на детскиот парк на Адидас.

Во вторник, Зидан прославува 20 години од освојувањето на светското првенство кое се одржуваше во Франција. Тогаш франција во финалето го победи Бразил со 3:0.

Зидан верува дека сегашниот состав на Франција може да го повтори неговиот успех. „Оваа екипа има страшна моќ. Се надевам дека ќе стигне што е можно подалеку, и зошто да не го освои Светското првенство“ рече Зидан. Во групата во која игра Франција се наоѓаат и Австралија, Данска и Перу.