Connect with us

Фудбал

Зидан се враќа на тренерската клупа, преговорите се веќе започнати!

Маурисио Покетино би можел да го напушти ПСЖ и да се врати во Англија, а францускиот клуб изгледа е подготвен за таа опција.

Покетино има договор со парижаните до летото 2023 година, но деновиве се појавија информации дека Манчестер Јунајтед сака да го доведе на Олд Трафорд откако Оле Гунар Солскјер доби отказ.

Во Јунајтед веруваат дека Покетино би бил најдобриот избор за нов тренер и убедени се дека можат да го доведат иако е обврзан со договор со ПСЖ.

Очигледно е дека ситуацијата во соблекувалната на ПСЖ не е баш најдобра и дека постои огромен притисок врз Покетино, кој се очекува оваа сезона да ја донесе титулата во Лигата на шампионите на „Паркот на Принцовите“.

Затоа Покетино размислува за заминување, а преку својот агент им порача на челниците на Манчестер Јунајтед дека е заинтересиран за понудата и дека се надева дека се ќе се реши многу брзо.

Но, очигледно е дека немаат ништо против неговото заминување ниту во Париз, бидејќи не се баш задоволни од резултатите на ПСЖ сезонава, со оглед на тоа со каков тим располага Покетино.

И ПСЖ е во потрага по тренер, а „Ле Паризиен“ утринава објави дека веќе се започнати преговори со Зинедин Зидан кој е слободен по заминувањето од Реал Мадрид ова лето.

Зидан имаше понуда и од Јунајтед, но ја одби под изговор дека чека работа во француската репрезентација. Селекторското место ќе биде достапно само по Светското првенство следната година и се чини дека Зидан би можел да се врати во клупскиот фудбал.

ПСЖ му испрати понуда на Зидан и преговорите се во тек, па дури рекоа дека се согласуваат со клаузула според која тој може да го напушти клубот кога ќе добие понуда од Фудбалскиот сојуз на Франција.

Во наредните денови се би требало да биде појасно, но доколку Покетино го напушти ПСЖ и замине во Јунајтед, тогаш речиси сигурно е дека Зидан ќе биде негова замена на клупата на францускиот клуб.

Реклама

Facebook

Реклама