Connect with us

Фудбал

Зијеч го напушта Челзи по само една година, но прави нов голем трансфер

Хаким Зијеч пристигна минатото лето како големо засилување во Челзи од Ајакс.

Зијеч одигра неколку одлични сезони во дресот на Ајакс со што го привлече вниманието на многу европски клубови.

Но, на крајот на минатата сезона, 28-годишниот играч реши да потпише за Челзи, кој му плати 40 милиони евра.

Зијеч потпиша договор до летото 2025 година со лондонскиот клуб со кого успеа да ја освои Лигата на шампионите оваа сезона, но не е тајна дека тој не е многу задоволен од неговиот статус во клубот.

Имено, Зијеч не игра премногу откако Томас Тухел го презеде клубот и покажа желба да го напушти „Стемфорд Бриџ“ ова лето.

Мароканецот одигра 39 натпревари во сите натпреварувања, постигна шест гола и забележа четири асистенции. Сепак, тој повеќето од тие натпревари ги започна на клупата.

Денес во италијанските медиуми се појавија шпекулации дека Милан сака да го донесе Зијеч на „Сан Сиро“ ова лето.

„Ла Газета дело Спорт“ објави дека Стефано Пиоли призна дека би сакал да го гледа Мароканецот во неговиот тим и им соопшти на клупските челници да се обидат да го доведат во текот на летниот преоден рок.

Исто така, Милан преговара со Сините за уште двајца играчи, имено Фикајо Томори и Оливие Жиру.

Томори го помина вториот дел од сезоната на „Сан Сиро“ на позајмица и воодушевен од своите игри, па затоа Милан сака да го откупи неговиот договор.