Connect with us

Фудбал

Зијеш во дрес на ПСЖ, но потоа шок, Челзи направил глупост, намерно или случајно?!

Челзи во последниот ден од преодниот рок го доведе Енцо Фернандез за рекордна сума од 121 милион евра, но се чини дека беа презафатени со преговорите со Бенфика бидејќи аматерски се занимаваа со друга работа што се случуваше паралелно.

Хаким Зиjеш требаше да се пресели во Пари Сен Жермен на позајмица до крајот на сезоната, но поради несериозноста на сините, многу е можно ништо да не излезе од таа зделка!

Долго траеја преговорите дали ќе има задолжителна откупна клаузула во договорот на Зијеш, а кога тоа беше склучено – следеше трка со времето во која Челзи се чинеше дека намерно го саботираше трансферот.

Француските медиуми пренесуваат дека Челзи погрешно го испратил потпишаниот документ, по пораката на Пари Сен Жермен да го исправи, ја повториле истата грешка. Верувале или не, ни третиот обид не донесе ништо ново, бидејќи ја направија истата грешка, за по четврти пат да ги добијат вистинските хартии. Но, прашање е дали работата е завршена навреме, бидејќи преодниот рок се затвора на полноќ по средноевропско време, каде што не се толерира ниту секунда доцнење.

Поради сето ова, ПСЖ подготвува и жалба која ќе ја испрати до Здружението на екипи од Лига 1, а Челзи наводно на таа адреса наместо до ПСЖ ја испратил потребната документација. Звучи премногу неверојатно да биде грешка на сериозен клуб…

Зијеш нормално е вишок во Челзи и оваа сезона за сините одигра само 610 минути.