Connect with us

Фудбал

Зимска понуда за Компани

Каталонскиот гигант Барселона ќе се обиде за време на зимскиот преоден рок да ги осигура услугите на ветеранот од редовите на актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, Винсент Компани.

Повремениот репрезентативец на Белгија веќе со години е капитен на популарните “граѓани”, но во актуелната сезона, централниот дефанзивец има скромна минутажа.

Актуелниот шампион на Шпанија е во потрага по нов дефанзивец кој треба да биде помош за стандардните првотимци, Жерар Пике и Самуел Умтити. Неофицијално, Барса е подготвена да одвои 5 мил. евра за услугите на Компани.