Connect with us

Фудбал

Зимски преоден рок од соништата за Барселона, на сметка на Жерар Пике?!

Жерар Пике синоќа се прости од професионалниот фудбал, патем и ги прости сите преостанати плати на својата Барса и и овозможи да купува веќе во зима.

Денеска каталонските медиуми пишуваат за потенцијални засилувања, бидејќи Чави Ернандез веќе ги виде недостатоците и покрај силниот летен преоден рок.

Прво Чави сака замена за Пике иако на располагање има четворица стопери – Араухо, Кристенсен, Кунде и Ерик Гарсија, а речиси сигурно ќе биде – Ињиго Мартинез!

Барса веќе ги договори личните услови со Баскиецот кој е во последната година од договорот со Атлетик Билбао и не е невозможно да го доведе веќе во зима. Билбао не успеа да го убеди Ињиго да остане, а доколку сакаат да заработат од неговото заминување ќе мора да го продадат во јануари. Јасно е дека обештетувањето нема да биде големо, што е особено привлечно за Барса, заедно со тоа што Мартинез ќе биде единствениот левоногиот стопер.

Друга позиција која Чави сака да ја засили е десниот бек. Клубот е разочаран од Хектор Белерин кој доби едногодишен договор, а Барса нема намера да му понуди останување. Договор до 30 јуни има и Серхи Роберто, па логично е Чави да сака десен бек во зима. Се споменуваше Диого Дало, но Јунајтед има опција автоматски да го продолжи договорот за уште една сезона до 2024 година, што ја отежнува Барса, па сигурно ќе има други цели.

Конечно, фокусот е на едно интересно име – Јусуф Мукоко. Младиот напаѓач на Борусија Дортмунд оваа сезона експлодираше, има само 17 години, а исто така му истекува договорот на лето, па е достапен или на слободен трансфер или на зимска позајмица.

Планот е Мукоко да дојде да учи од Роберт Левандовски и повремено да го одмара.

Сè на сè, во Барселона не чека уште еден возбудлив преоден рок, на сметка на Жерар Пике, кој со своето заминување и взаемниот раскин на договорот му заштеди на клубот околу 30 милиони евра.