Connect with us

Фудбал

Златан е се поблиску

Најдобриот шведски фудбалер, Златан Ибрахимовиќ, ќе биде втора зимска аквизиција на италијанскиот калчо гигант Милан.

По пауза од неколку сезони, популарните Ибракадабра се враќа на “Сан Сиро”, каде што освои една шампионска титула во 2011 година. Италијанските медиуми открија дека преговорите помеѓу клупскиот директор Леонардо и агентот на Ибра, Мино Раиола вродиле со плод.

Шведскиот интернационалец ја прифатил понудата за 6-месечна соработка која ќе му обезбеди заработувачка од 2.7 мил. евра.