Фудбал
Златан Ибрахимовиќ: Не сакам да давам никакви изговори, денес не беше наш ден
Милан денес беше поразен на Сан Сиро од Аталанта.
Резултатот беше 3:0 за тимот од Бергамо, а Златан Ибрахимовиќ во изјава за Скај Спорт рече дека ова не беше денот на тимот на Милан.
„Денес промашивме многу. Не беше наш ден, но не сакам никакви изговори. Најважно е да излеземе од ова и да го заборавиме поразот“, рече Златан и продолжи:
„После многу натпревари без пораз, изгубивме два за краток временски период. Ни недостасуваат неколку играчи, па затоа играат некои со помалку искуство. Но, нема оправдувања. Не сме први без причина“.
Златан зборуваше и за одличната игра на Јосип Иличиќ.
„Кога некому ќе му дадете доволно слобода, лесно е да се игра. Тој денес имаше многу простор и играше одлично. Можеше да постигне повеќе голови“.
Тој истакна дека беше отсечен во првото полувреме.
„Се чувствував осамен во нападот. Некој секогаш мора да биде близу. Можеби е притисокот на Аталанта што ни направи проблеми“, рече Златан.
Милан во следното коло ќе игра против Болоња.