Connect with us

Фудбал

Златан Ибрахимовиќ се договорил, останале само мали детали

Италијанскиот новинар Вито Ањеле објави дека Златан Ибрахимовиќ и раководството на Милан постигнале договор за продолжување на соработката, а наскоро ќе биде се јавно официјализирано.

Останале само мали детали околу договорот, односно бонусите за одредени цели, но тие не би требало да претставуваат проблем. Шведскиот напаѓач ќе остане на „Сан Сиро“ уште една сезона, со можност соработката да биде продолжена до 2022 година.