Connect with us

Фудбал

Златан не можеше да поверува: Двајца или тројца кренаа рака на моето прашање

Златан Ибрахимовиќ го пропушти првиот натпревар во Лигата на шампионите против Ливерпул.

Искусниот напаѓач не можеше да им помогне на своите соиграчи кои го мачеа Ливерпул на „Енфилд“, но на крајот сепак беа поразени со 3:2.

Златан е задоволен од играта на своите соиграчи и истакна дека тие сега знаат како е чувството да се игра во најелитното натпреварување во светот.

„За многумина, вчерашниот натпревар беше прв во Лигата на шампионите, но сега знаат што е потребно за да се биде таму“, изјави Златан за „Milannews“ и продолжи:

“Тимот сфати што е потребно за да се игра против најдобрите. Среќен сум за нив. Се сеќавам дека ги прашав на крајот од минатата сезона колку од нив играа во Лигата на шампионите. Двајца или тројца ги собраа рацете. Мислев се шегуваа, но беше вистина. Оној што не игра во Лигата на шампионите не знае што пропушти во кариерата“, изјави Ибрахимовиќ.

Самиот Златан едвај чека да се врати на терените. Мора да прескокне одреден период поради мала повреда, но наскоро повторно ќе го видиме на теренот.