Connect with us

Фудбал

Знаеме која е Белграѓанката во песната на Бешлиќ која ја обожава Ибрахимовиќ (Видео)

Веќе неколку дена е актуелна приказната за омилената песна на еден од најдобрите фудбалери во историјата, Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ.

Порталот „Слободна Босна“ ја откри позадината на оваа приказна за „Белграѓанките“ во песната на Халид Бешлиќ, кои Ибрахимовиќ евидентно премногу ги обожава. Инаку, Швеѓанецот има корени од Бих.

Имено, песната ја напишал легендарниот Назиф Гљива, еден од најзаслужните луѓе кога во прашање е богатата кариера на Бешлиќ. Приказната за мистериозната „Белграѓанка“ започнала на една од јадранските плажи, пред триесетина години, кога синот на Назиф, Емир – Мирче Гљива, како дете ја запознал убавата Белграѓанка и се заљубил на прв поглед. Мирче бил толку вљубен во згодната Драгана, па татко му Назиф напишал песна која ја интрепретирал Бешлиќ.

 

View this post on Instagram

 

Back to business @lagalaxy

A post shared by Zlatan Ibrahimović (@iamzlatanibrahimovic) on Jan 10, 2019 at 1:33pm PST

Кога би видел Ибрахимовиќ како изгледа Драгана од омилената песна, кој знае што би се случило.