Фудбал
Знамињата на Србија и Хрватска едно до друго, нема политика, само фудбал
Хрватска денеска против Белгија, Србија утре против Швајцарија ги играат клучните мечеви за пласман во осминафиналето на СП во Катар. На двете селекции им е потребна победа. Интересен детањ од Катар објави „Telegraf.rs“. Знамињата на Србија и Хрватска едно до друго, а навивачите на двете земји заедно. Нема политика, само фудбал. Си даваат поддршка едни на други на ова Светско првенство, пишува медиумот.

Ова секако е интересен момент, ако се знаат историските и политичките моменти помеѓу овие две земји, кои некогаш, заедно со Македонија беа во една иста држава.