Connect with us

Фудбал

Зошто Арапите на мечот Германија-Шпанија имаа портрет од Месут Озил и држеа покриена уста (ФОТО)

Германија и Шпанија синоќа ремизираа 1:1 во дербито на колото. Од оваа група, се ќе се одлучува во последното коло. Во оваа група Шпанија има 4 бодови, Јапонија и Коста Рика по 3, додека Германија има еден бод. Во последното, трето коло ќе играат Германија против Коста Рика, а Шпанија против Јапонија.

Но, интернесно е тоа што навивачите, оние домашните од Катар, кои беа на трибините на синоќешниот меч, држеа портрети од поранешниот репрезентативец на Германија, Месут Озил. Како што е познато, тој се пензионираше од репрезентацијата во 2018-та откако беше обвинет од Фудбалскиот сојуз на оваа земја за расизам.

Во изјавата објавена на Твитер, Озил тогаш ги обвини германските власти за „непочитување“ на неговите турски корени и „себично го претвораат во политичка пропаганда“ кога земјата губи натпревари. Тој велеше дека кога Германија победува тој е Германец, а кога губи за нив е мигрант.

Очигледно причината за неговите портрети е токму ова негово ненадејно „пензионирање“, а како резултат на тоа дека репрезентативците на Германија на нивниот прв меч во Катар се фотографираа со покриена уста со раката, алудирајќи на забраната на ФИФА на ова СП да се носат капитенски ленти со поддршка на ЛГБТ заедницата.