Connect with us

Фудбал

Зошто Бехрами не го покажа орелот кога се славеа головите на Швајцарија

Доста прашина се крена во јавноста после натпреварот помеѓу Швајцарија и Србија (2:1), а посебно поради славењето на головите на играчите на Швајцарија.

Имено, головите за Швајцарија ги постигнаа Џердан Шаќири и Гранит Џака кои се по потекло од Албанија, а навивачите на Србија ги провоцираа со прославата на головите каде го покажуваат албанскиот орел. Сепак, многумина видоа дека од сите играчи со албанско потекло орел не покажуваше само Валон Бехрами.

Неговиот татко Рагип се огласи во медиумите и порача дека неговиот син едноставно не прави такви работи на теренот. Бехрами беше свесен за важноста на натпреварот и за разните дофрлувања на теренот, но на крајот не сакаше да го прослави голот со покажување на албанскиот орел.

„Мојот син Валон едноставно не прави такви работи. Некогаш за него спортот е повеќе од спорт и драго ми е што не сака да се меша во такви работи“, порача Рагип.