Connect with us

Фудбал

Зошто Фергусон ненадејно се појави на тренингот на Јунајтед?

Во Англија имаше различни гласини за присуството на Сер Алекс Фергусон на тренингот на Манчестер Јунајтед по поразот од Ливерпул. Многумина сугерираат дека тој бил вклучен во разговори на високо ниво за иднината на Оле Гунар Солскјер како менаџер на „црвените ѓаволи“.

За жал за оние кои можеби очекуваа дека Норвежанецот ќе добие отказ, причината за доаѓањето на Фергусон беше многу побенигна.

Наводно, легендарниот Шкотланѓанец имал однапред испланиран аранжман во кој морал да присуствува и тој, но и други клупски функционери – во врска со новите клупски одела.

Она што беше потврдено, затоа тој не разговараше ниту со Солскјер ниту со играчите во таа прилика. Ниту пак бил вклучен во какви било дискусии за нив.

Извор близок до клубот потврди дека Норвежанецот сигурно ќе го води тимот во сабота на гостувањето кај Тотенхем во Лондон. Што ќе се случи понатаму се уште не е познато. Без разлика на резултатот против Тотенхем, иднината на Солскјер е помалку сигурна. Тешко дека навивачите на Јунајтед некогаш ќе го заборават неговиот неделен дебакл од најголемиот ривал на Ливерпул 0:5 на Олд Трафорд.

Сега притисокот е уште поголем. Само брз одговор во смисла на драстичен пресврт на резултатите и играта може да им помогне на Соскјер и неговите играчи.