Фудбал
Зошто играчите на Челзи ги ставаат своите копачки во микробранова печка пред натпреварот?
Фудбалерите на Челзи ја користат микробрановата печка пред скоро секој натпревар за да ги загреат своите копачки.
Ова особено се користи кога натпреварите се играат во текот на зимата и во постудено време, а еден од изворите од клубот откри за „Сан“ зошто микробрановата печка се наоѓа во соблекувалната на Челзи.
Имено, еден од економистите на клубот од „Стемфорд Бриџ“ откри дека модерните копачки се разликуваат многу од претходните, и дека ја користат микробрановата печка за да ги стоплат, затоа што тогаш се многу поудобни за носење.
„Современите копачки се прилично цврсти и тесни за нозете, без оглед на тоа што играчите понекогаш земаат поголема бројка“, изјави тој и продолжи.
„Ова е особено проблем кога времето е постудено бидејќи копачките се прилично непријатни, а ова особено важи за овие понови модерни модели. Играчите ги ставаат во микробранова печка за една минута или две за да се загреат и на тој начин да бидат поудобни затоа што кожата веќе не е толку тврда. Тие го сакаат најдоброто од опремата што ја користат и тоа е најбрзиот начин да се реши проблемот пред натпреварот“.
Микробрановата печка е во соблекувалната на лондонскиот клуб од минатата сезона, а играчите навистина го сакаа тоа, бидејќи сфатија дека навистина работи и дека нивните копачки се многу поудобни.