Connect with us

Фудбал

Зошто Јунајтед се плаши од големите натпревари? Сколс го најде виновникот меѓу играчите

Во саботата се одигра големо англиско дерби на „Емирати“, но немаше голови на дуелот помеѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед.

Обично Јунајтед е затворен кога игра против клубови како Сити, Челзи, Арсенал или Ливерпул, па затоа требаше да се очекува дека нема да гледаме многу голови во Лондон.

На крајот, екипите поделија по бод, иако навистина имаше шанси од обете страни, особено во другите 45 минути. После тие 0:0, поранешниот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, реши да ја критикува првата sвезда на тимот, Бруно Фернандес.

„Овој Јунајтед не може да победи во ниту еден голем натпревар, едноставно не може да најде начин да триумфира. Фернандез беше големо разочарување на секој од овие дерби натпревари. Тој има многу голови и асистенции, но на последните пет натпревари против големите ривали нема ни голови ни асистенции. Арсенал е големо име, но тие немаат одличен тим во моментов. И покрај тоа, Манчестер не победи. Не видов преголема желба да за победа во натпреварот. Не видов како „умираат“ на теренот“, рече Сколс и додаде:

„Иако Арсенал беше без Аубамејанг, па без вистинска закана, Јунајтед не стори ништо за да дојде до победата, а мораше ако сака да се бори за титулата“.

Доколку Лестер го добие Лидс денес, Јунајтед паѓа на третото место и сега е на минус 3 во споредба со лидерот Сити, кој исто така има натпревар помалку.