Connect with us

Фудбал

Зошто Сане и Салихамиџиќ официјално не се ракуваа сè уште?

Германскиот интернационалец Лерој Сане е нов член на Баерн Минхен.

Одличниот 24-годишен крилен напаѓач договори петгодишен договор со Баварците, во чии редови доаѓа од Манчестер Сити за 45 милиони евра.

Иако договорот е веќе потпишан и иако Сане веќе тренира во таборот на баварскиот гигант, официјалната презентација сè уште не се одржа.

Причината зошто Хасан Салихамидиќ и Лерој Сане сè уште не се ракуваа на официјалната презентација е прилично едноставна.

Салихамиџиќ, како и тренерот Ханси Флик, добија денови одмор. И двајцата се на годишен одмор, а официјалното претставување на Сане како нов играч на Баерн ќе биде направено по нивното враќање следната недела.

Секако Сане е одлично засилување за Баерн и ќе видиме како Баерн ќе изгледа со него како дополнителна напаѓачка опција.